23.8 C
Скопје
15:11 - 3 октомври, 2026

Од играчка плачка: 10-годишниот син на Бен Афлек со ламборџинито удрил во паркиран автомобил

Актерот Бен Афлек, неговата свршеница Џенифер Лопез и 10-годишниот син на Афлек, Семјуел, кој го има од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, се снимени во неделата на улица во Лос Анџелес. Тие се најдоа во центарот на вниманието поради инцидентот што го направи момчето.

Додека седеле во жолтиот луксузен автомобил „ламборџини“, Афлек решил на својот наследник да му овозможи малку забава.

Семјуел седнал на возачкото седиште и се обидел да го вози автомобилот, а фоторепортерите снимија како набрзо удира во автомобил паркиран зад него.

Во тој момент од автомобилот излегле Лопез, Семјуел и Афлек. Полицијата набрзо дошла на местото на настанот за да направи записник. Исплашеното момче цврсто го прегрнувало својот татко давајќи му до знаење дека му е жал поради тоа што го направил.

Портпаролите на познатиот актер открија дека во овој немил настан нема поголема материјална штета на автомобилите ниту жртви.

Слични објави

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.
Се вчитува....