3.8 C
Скопје
20:33 - 20 декември, 2024

Од денес до 3 јули во Дојран: Над 50 музички изведувачи во најмасовниот Д ФЕСТИВАЛ

Денеска започнува долгоочекуваното и најмасовно 12. издание на Д ФЕСТИВАЛ, кој ќе се одржува од 1 до 3 јули во Дојран.

Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето конечно ќе се одржува повторно во полн сјај и во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма досега која ќе се одвива низ вкупно 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-КАМП за фестивалските посетители.

Првите посетители на Д ФЕСТИВАЛ веќе вчера пристигнаа во Дојран и ги поставија своите шатори во Д Кампот кој по две години ја продолжува традицијата и ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма. Денеска пак, во 11:45 часот и официјално започна музичката програма во чии рамки ова лето ќе настапат повеќе од 50 музички артисти кои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од Македонија.

Првиот фестивалски ден, петок 1 јули, програмата на фестивалот ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно КРУДЕР и ДОРФМАИСТЕР, ЏУЛИЈАН МАРЛИ, КОШИН, РУНДЕК и ЕКИПА и ЗАД АГОЛОТ. Во саботната вечер пак, главната бина е резервирана за АНФИСА ЛЕТЈАГО, ЈУРА СТУБЛИЌ и ГРУПА ФИЛМ, БУЧ КЕСИДИ, КУЛТУР ШОК и ЧИСТА ОКОЛИНА, додека пак во финалната вечер ни пристигнуваат ЗУ, КОНСТРАКТА и ЗЕМЉА ГРУВА, ХЛАДНО ПИВО и МАРКИ РАМОН.

Втората по големина фестивалска бина на Д ФЕСТИВАЛ, МОСКИТО СТЕЈЏ, годинава ја има најсилната програма до сега во чии рамки ќе имаме прилика да уживаме во настапите на ТАМИКРЕСТ, ЛУФТАНЗА, ЏИПСИ ГРУВ и НЕИКЕД во петок, ГАБРИЕЛА ЧИЛМИ, ДОУП КУЌАТА, ДЕМЕНСИ и ТОРЗС во сабота, ПИЈАН СЛАВЕЈ, ДИНА ЈАШАРИ, ОФ-ГРАУНД АНСАМБЛ, КАЛАТА, но и ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ во недела во рамки на програмскиот концепт „Д Фамилијарен Ден“.

Посебно концертно доживување гарантира музичкиот храм на Д ФЕСТИВАЛ, односно бината позната како ЧРЧ СТЕЈЏ која е всушност лоцирана во црквата Св. Илија во Стар Дојран. Продуховениот амбиент на оваа локација ќе биде дополнително оплеменет со прекрасната музиката на музичките уметници како Перија, Антоние Весковски, Драган и Ратко Даутовски и други.

Новата македонска музичка сцена има свое посебно место на Д ФЕСТИВАЛ, а тоа е СМУТ бината на која годинава по рекордниот број пријавени учесници, во финалната селекција како дел од програмата се запишуваат младите одлични групи Беседа, Занаду, Хајка, Манас, Корожн, Преку Ред, Мамут и други.

Секако неизбежен дел од музичката програма е и електронската ЛЕЈК АВЕЈК бина на Д ФЕСТИВАЛ на која традиционално најдоцна во ноќта се испраќаат и дочекуваат фестивалските денови. На оваа бина секој ден ќе биде посветен на различен музички правец односно првата фестивалска вечер е резервирана за техно музиката во која под кураторство на македонскиот диџеј ФЛУДЕР ќе настапат уште и САШО УЗУН, ДАДО К и МАМЛИ. Втората вечер на Лејк Авејк е посветена на транс музиката и настапите на дел од водечките имиња на овој музички правец на домашната сцена: ЏАНТРИКС, СПИРИТ АРХИТЕКТ и МОДУАЛ. Последната вечер пак, за официјалното затворање на годинашниот Д ФЕСТИВАЛ нѐ очекува епската трап журка која ја предводи американскиот музичар СМОУКПУРП кој ќе настапи покрај локалниот ол-стар состав: ШОРТИ ПИ и АЈРИ СКРЕЧ, БОН ПРАСКИЗА, СЕКСИ МАРСА, ЕЛОН, БАША, НЕСТИ, ОГИПСИЛОН и ЈАНГ ДАДИ.

Покрај музичката програма, богатството на Д ФЕСТИВАЛ е специјалната дополнителна програма која се одвива во рамки на ПЛОШТАРТ зоната, а со која овој настан е уникатен и препознатлив како многу повеќе од само музички фестивал. ПлоштАрт е всушност креативното јадро и мултимедијалниот простор во срцето на Д Фестивал каде што ова лето ве очекуваат повеќе од 100 уметници и учесници од здруженија и организации со исклучително богата и разновидна програма! Слем поезија, прва психолошка помош, друштвени игри, работилници, интерактивни квизови, е-спорт, предизвици, јога, танцување, жонглирање, плејстејшн, дебати, ракотворби, сувенири и уште многу атрактивни содржини кои всушност ги пренесуваат и претставуваат позитивните општествени вредности и проектите од значење пред сѐ за младите!

Во Дојран веќе одмана целосно се исполнети сместувачките капацитети за овие денови, кампот на Д Фестивал интензивно се пополнува, градот е исполнет со прекрасни фестивалски луѓе со најпозитивна енергина и сѐ е подготвено за најмасовното 12-то издание на единствениот ваков настан кај нас, летниот музички Д ФЕСТИВАЛ!

БИЛЕТАРНИЦИТЕ и ЗАМЕНСКИТЕ МЕСТА на Д ФЕСТИВАЛ 2022 се на две локации:
* пред влезот во Д кампот т.е. кај „Туристичкото биро“ во Стар Дојран, со работно време од 8:30 до 00:30 часот;
* пред Главна бина кај Паркинг „Гранит“, со работно време од 20:00 до 02:30 часот.

БИЛЕТИТЕ за време на Д ФЕСТИВАЛ ќе се продаваат по нивната полна цена, односно:
* 500 денари за еднодневен билет (пристап до цела програма за еден ден),
* 1100 денари за тридневен билет (пристап до цела програма за цел фестивал),
* 1200 денари за фестивалски билет (пристап до цела програма за цел фестивал + КАМП место),
* 300 денари за докупување на камп (за оние кои веќе имаат купено било каков билет за Д Фестивал без кампување).ПРОДАЖНИ МЕСТА и сите информации за билетите се објавени тука: https://dfestival.mk/vleznici/

Сите посетители своите влезници треба да ги заменат за задолжителните фестивалски нараквици со кои им е овозможен влез на Фестивалот, а замената се врши на заменските пунктови кои се наоѓаат во склоп на фестивалските билетарници.

Д КАМПОТ е веќе отворен, првите кампери ги поставуваат своите шатори, а за сите кои допрва ќе се одлучат за овој тип на сместување на Д ФЕСТИВАЛ, сите корисни информации за кампот се објавени тука: https://dfestival.mk/kamp/

РАСПОРЕДОТ на музичката програма е објавен на овој линк: https://dfestival.mk/raspored/

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....