13:41 - 1 април, 2026

Нови детали за жената што го роди синот на Марија Шерифовиќ: Високо образована, има сопруг и дете!

Марија Шерифовиќ пред две години со помош на сурогат-мајка доби син кому му го даде името Марио.

Нејзината колешка, пејачката Нада Обриќ, сега откри непознати детали за жената која му го родила синот на Марија.

– Јас ја поддржувам секоја варијанта за некој да добие дете, бидејќи сум мајка и знам што значи тоа. Кога денес ја гледам среќата на Марија и малиот Марио, пресреќна сум – рече таа и откри каква е Марија како мајка.

– Марија е најдобра, генијална е. Тоа што таа го прави со него, како си игра и му пее, знае да биде смешно, но и да го расплаче човек. Нејзината мајка Верица Шерифовиќ не сакам ни да ја коментирам, таа живее сосема друг живот. Тие двете се целосно посветени на детето, тоа е неверојатно…

Обриќ потоа откри дали Марија планира второ дете.

– Не, никој не зборува за тоа. Тоа се работи во кои тешко се меша. Целата љубов од овој свет сега му е подарена на Марио. Јас ги поддржувам сите начини да се добие дете, баш сум за тоа – рече
пејачката, а потоа се осврна на сурогат мајката:

– Какви услови ѝ обезбедила таа жена, сурогат мајката, тоа е нереално. Таа жена добила и од пиле млеко. Притоа, таа воопшто не е сиромашна ниту неписмена. напротив, високо образована е. Има свое дете, има сопруг. Не знам како се одлучила да биде сурогат мајка, мислам дека тоа ѝ било прво искуство како сурогат мајка – рече Нада.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....