16:56 - 22 август, 2026

НИКИ МИНАЖ КРЕНА ПАНИКА ЗА ВАКЦИНИТЕ: Сега ја повикале на разговор во Белата куќа

ники минаж

Американската раперка Ники Минаж неодамна на својот твитер-профил сподели шокантна приказна за пријател на нејзиниот братучед кој доживеал непријатни последици од вакцината против ковид-19.

Раперката предизвика верижна паника меѓу нејзините обожаватели, но имаше и такви повикана на разговор во Белата куќа, пренесува „People“.

НИКИ МИНАЖ ОБВИНЕТА ЗА АНТИВАКСЕРСТВО: Раперката ја шокираше јавноста со својата приказна

Претходно оваа недела, Минаж одби да присуствува на Мет Гала, бидејќи организаторите побарале сите гости на настанот да бидат вакцинирани.

Неколку дена претходно, таа напиша твит во кој раскажува како пријател на нејзиниот братучед ја примил вакцината, проследена со серија несакани ефекти. Таа додаде дека самата започнала истражување за да го провери квалитетот на вакцините.

„Вработените во Белата куќа ме поканија да разговараме и мислам дека тоа е чекор во вистинската насока. Ќе одам. Ќе облечам розово одело инспирирано од филмот „Legally Blonde“ и на сите ќе им биде јасно дека сум сериозна“, напиша Минаж.

„Ние постапивме како и сите други граѓани, ѝ понудивме на Ники Минаж телефонски разговор со нашите експерти, кои многу љубезно ќе ѝ објаснат колку се безбедни и ефикасни вакцините“, рекол портпаролот на Белата куќа.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ блеска после одморот со својот партнер Лазар Ристовски – актерката се пофали со промената на изгледот

Еспресо

„Најважно ми е да имам време за моите деца“: Ребека Јанковска-Ристески за луѓето што остануваат и моментите што се скапоцени

Еспресо

(Фото) Влада Вуксановиќ повторно е „најпосакуваниот ерген“ на Балканот — го покажа извајаното тело по разводо

Еспресо

Почнува периодот на Девица – Што значи ова за секој знак од Зодијакот?

Еспресо

(Видео) Фитнес-моделот Стефан Спирковски се качи на параглајдер и го виде Охрид од птичја перпсектива

Еспресо
Се вчитува....