03:15 - 2 април, 2026

Неодлучниот Маск конечно пресече: „Ќе го купам Твитер!“

Бидејќи веста доаѓа во време на правна пресметка меѓу двете страни, експертите тврдат дека ова е паметна одлука.

Сагата меѓу Твитер и милијардерот Илон Маск веќе трае со месеци. Бизнисменот првично понудил 44 милијарди долари за социјалната мрежа, што конзорциумот го прифати, но тој подоцна се повлекол со образложение дека компанијата ги прекршила своите обврски со погрешно прикажување на бројот на спамови и лажни сметки на платформата.

После тоа, Твитер поднел тужба против Маск, обвинувајќи го дека одбил да ги исполни своите договорни обврски. Маск поднел противтужба во која бил вклучен и поранешниот шеф на обезбедувањето на Твитер.

Сепак, се чини дека Маск се предомислил. Во последните извештаи, Маск одлучил дека сепак сака да го купи Twitter по првичната цена од 54,20 долари по акција, пишува Fox Business.

Бидејќи веста доаѓа во време на правна пресметка меѓу двете страни, експертите тврдат дека ова е паметна одлука.

„Да бидете принуден да затворите договор по долга и грда судска битка во Делавер не е идеално сценарио и наместо тоа, оваа одлука ќе го спаси Илон Маск од многу главоболки“, напиша аналитичарот на Ведбуш, Даниел Ајвс.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....