13:27 - 2 април, 2026

Неда Украден издава вила во Хрватска за 2.377 евра дневно: Забранува пушење, забава и домашни миленици

Српско-хрватската пејачка Неда Украден изградила луксузна вила, на плац покрај својата родна куќа во хрватскиот град Имотски, која сега веќе ја издава.

Наводно, пејачката ја изнајмува вилата од 2.377 евра па нагоре, во зависност од тоа колку денови и во кој период од годината е изнајмена, пишува српски „Курир“.

Според гореспоменатиот весник, туристите кои ќе се одлучат да го поминат одморот во оваа вила мора да платат депозит до 500 евра.

Фото: Инстаграм/Неда Украден

Нејзината вила е на веб-страница за изнајмување. Таму пишува дека вилата има пет спални соби, бесплатен приватен паркинг, гаража и бесплатен интернет.

Вилата располага со опремена кујна, дневни соби, тераси, но и машини за перење, микробранови печки, апарати за кафе… Има и бањи, некои со када, а некои со туш.

Вилата има и камин, телевизори во собите и слично.

неда украден
Фото: Инстаграм/Неда Украден

На терасите има лежалки, лулашки, градинарска кујна со скара, а има и мало игралиште за најмладите, базен, џакузи, велнес соба со сауна.

Како што понатаму се наведува, пејачката забранила пушење, забави и домашни миленици во вилата.

Семејната куќа во Хрватска во која се венчаа нејзините родители и во која порасна пејачката, Неда Украден е вистински рај.

(Фото) Неда Украден пак се расоблече во бикини: Им одржа лекција на помладите колешки

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....