16:27 - 10 ноември, 2026

Неда Украден бара маж: „Ова се моите услови, не сакам да му бидам мајка“

неда украден

Познатата пејачка Неда Украден вели дека не сака да има голема разлика во годините меѓу неа и нејзиниот партнер и открива каков е мажот што го посакува.

– Кога би можела да дадам толку едноставен одговор, веројатно би имала некого покрај себе. Секоја доба во кое се наоѓав имаше свои предности и недостатоци. Сега барам нешто поинакво – изјави Украден за Express.ba.

– Зрелоста носи поинаков вид на размислување. Мора да биде многу интересен, духовит, паметен, успешен, да не е искомплексиран, да биде човек кој знае што е добро вино и квалитетна храна, и убав цвет, и поддршка, и комплимент и да знае кога треба да удри по масата со тупаница – открива 71-годишната пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

-Бојата на очите и висината се сосема неважни – додава таа.

-Толку ја сакав таа топлина на домот, но постојано ми ја уништуваа, постојано се селевме и секогаш се прашував дали некаде ќе го „најдам своето гнездо“ – вели Украден.

– Отсекогаш имав фантастични станови, а ние еден или двајца во куќата. Сега кога гледам полна маса, кога гледам како растат моите внуци, кога ми влетуваат во станот и сите се гушкаме уште на вратата, тоа е радост – вели таа.

– Со сета моја виталност, енергија, ентузијазам и воодушевеност, што повеќе човек може да посака од здравје? Да уживам што подолго во мојата песна и моето семејство е мојата најголема и единствена желба – заклучува пејачката.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....