13:02 - 18 август, 2026

„Не знаеме да го чуваме најголемиот“: Другарот на Тоше разочаран по најавата за седумдневната програма во чест на Оливер Драгојевиќ

Другарот од детството на Тоше Проески, Стерули Штерјоски, со револт реагираше по најавата за овогодинешната манифестација „Траг у бескрају“, која од 26 до 31 јули ќе се одржи во Вела Лука, Хрватска, во чест на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Шестдневната програма ќе опфати концерти на познати музички имиња, настап на деца кои ќе ги пеат песните на Оливер, промоции на книги посветени на неговото творештво, хуманитарен фудбалски натпревар и други културни настани, со кои Хрватска и оваа година ќе му оддаде почит на својот музички великан.

Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули 2018 година, на 70-годишна возраст, по борба со рак на белите дробови. Оттогаш, секое лето неговата Вела Лука организира повеќедневна манифестација „Траг у бескрају“, која ги слави неговиот живот, музика и наследство.

Поттикнат од ваквиот пример, Штерјоски смета дека Македонија треба многу повеќе да направи за да го зачува споменот на Тоше Проески.

„Во Вела Лука во Хрватска цела недела се одржува богата програма во чест на Оливер Драгојевиќ. Концерти, промоции на книги, хуманитарни настани – така се чува споменот на една музичка легенда.

А кај нас? Тоше Проески беше една од најголемите музички ѕвезди што ги имала Македонија, човек кој со својот глас, својата хуманост и своите дела нè претстави пред целиот Балкан и светот. За жал, често изгледа како да го паметиме само на денот на неговото заминување или на неговиот роденден.

Тоше заслужува многу повеќе. Заслужува недела исполнета со концерти, културни настани, изложби и активности во негова чест. Заслужува неговото дело да биде дел од учебниците по музичко образование, за секое дете да знае кој беше Тоше Проески, што создаде и какви човечки вредности остави зад себе.

Ако другите знаат како да ги чуваат своите легенди, зошто ние сè уште не знаеме да го чуваме најголемиот? Тоше не смее да биде само спомен – тој треба да биде пример за идните генерации. Тоа е наша обврска и наша чест“, порача Штерјоски.


На неговите профили на социјалните мрежи се појавуваат ретки фотографии од нивната младост, како и емотивни објави со кои го одбележува секој важен датум поврзан со Тоше. За Стерули е мисија споменот за неговиот пријател никогаш да не избледи.

Неговата улога во зачувувањето на споменот за Тоше е препознаена и надвор од Македонија. Стерули е еден од соговорниците во документарниот филм „Единствен: среќавање на Тоше“ (Jedini: Sećanje na Tošeta), каде што зборува за приватниот живот на својот долгогодишен другар и за нивното пријателство, кое започнало уште во детството.

Слични објави

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova
Се вчитува....