5.8 C
Скопје
15:56 - 23 февруари, 2025

Не само пријатели? Двете ѕвезди од „Пријатели“ Џенифер Анистон и Дејвид Швимер (можеби) се навистина заедно!

Двете sвезди од многу популарната телевизиска серија „Пријатели“ веројатно се во врска. Нивните фанови пак, со нетрпение чекаат официјална потврда.

Речиси дваесет години по завршувањето на телевизиската серија која им обезбеди глобална популарност, Џенифер Анистон (52) и Дејвид Швимер (54) заедно се забавуваат. Само идејата дека нивната љубовни приказни може да биде вистинска, ги воодушеви фановите, кои сега се надеваат на официјална потврда од ѕвездите.

Засега, на оваа тема, двајцата зборуваа само во едно интервју пред неколку месеци, кога Дејвид призна дека кон Џенифер чувствувал голема љубов во годините кога ги снимале „Пријатели“. А таа, пак,  изненадувачки, додаде дека интересот на актерот за неа бил целосно возвратен, односно дека и таа го чувствувала истото за него.

Значи, помеѓу Џенифер Анистон и Дејвид Швимер постои хемија уште од минатото. Сега, сепак, времето ќе покаже дали се зрели за следен чекор. Џенифер веќе зад себе остави две многу важни врски, првата со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (бракот траеше од 2000 до 2005 година) и втората со Џастин Теру, со кого остана во брак од 2015 до 2017 година.

Пријател на двајцата за списанието „Closer“ рече дека „по обединувањето на „Пријатели“, стана јасно дека споменот од минатото предизвикал чувства кај двајцата. Хемијата од минатото, која тие секогаш мораа да ја кријат, се уште беше таму“. Според зборовите на овој пријател, актерите  „почнаа да се пишуваат пораки веднаш по снимањето и, минатиот месец, Дејвид полета од Њујорк каде што живее за да ја види Џен во Лос Анџелес“. И додава дека неодамна Џенифер и Дејвид поминале заедничко време во куќата на Џен, а таа готвела за него, се забавувале, разговарале и се смееле.

Џенифер и Дејвид биле видени и како пијат вино, потонати во разговор, но и како шетаат на едно од омилените лозја на Џен во Санта Барбара.

Изгледа дека трпението на Дејвид е наградено: му требаа речиси дваесет години за да премине од пријател на… дечко?!

 

Слични објави

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Еспресо

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо
Се вчитува....