16:37 - 13 јули, 2026

Најголемата естрадна тајна: Сестра ѝ на Цеца требало да стане ѕвезда место неа?

Во повеќе од три и пол децении на естрадата, Светлана Цеца Ражнатовиќ се соочила со многу конкурентки, но малкумина знаат дека за малку нејзина најголема ривалка ќе станела – нејзината родена сестра Лидија Оцоколиќ.

Според добро упатен извор за „Курир“, сè започнало кога Цеца побегнала од дома кај тогашниот дечко, угостителот Харис Харо Самарџиќ, во Швајцарија. Во тој период односите со родителите Слободан и Мира Величковиќ биле нарушени, а семејството останало без главниот извор на приходи – нејзината кариера. Иако Цеца повремено испраќала пари, тоа не било доволно, па родителите решиле да вложат во кариерата на другата ќерка, Лидија.

За да ја лансираат на сцената, отишле кај тогаш најпродаваниот автор на домашната музика, Новица Урошевиќ. По аудицијата, Новица оценил дека Лидија има потенцијал и започнале подготовки за албум. Но, по неколку месеци Цеца се предомислила, се вратила дома и повторно воспоставила контакт со семејството – со што плановите за естрадна кариера на Лидија биле прекинати.

Како што потсетува весникот Сабор, во средината на 1991 година Слободан Величковиќ јавно изјавил дека не знае каде е ќерка му, бидејќи со денови не се јавувала. Тоа било време без социјални мрежи и брзи вести, па новинарите тешко доаѓале до точни информации.

Во интервју за тогашниот магазин, Цеца, видно вознемирена, изјавила: „Се ми е преку глава. Би сакала да ја напуштам музиката и да ги избришам последните три години од животот. Најмногу би сакала повторно да бидам безгрижна девојка од маало и мамина миленичка. Не сакам конфликти со родителите и соработниците, сакам само да ме разберат.“

Истите написи откриваат дека нејзиниот нов менаџер, Харо Самарџиќ, инкасирал околу 20.000 германски марки од настапи, иако јавноста тогаш шпекулирала и за нивна љубовна врска, што тој ги демантирал.

Се тврдело и дека во бегството ѝ помогнала нејзината тогашна пријателка Мира Шкориќ.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац ги запали социјалните мрежи — во црн костим за капење покажа беспрекорна линија

Еспресо

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Еспресо

Јелена Карлеуша откри дали новата песна му е посветена на Душко Тошиќ: „Многу плачев додека ја снимав“

Еспресо

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.
Се вчитува....