7.8 C
Скопје
23:53 - 30 март, 2026

Надежта последна умира – Шенон Доерти одлучи да се бори до крај, верува дека ќе се излекува со „чудотворен“ лек

Поранешната ѕвезда од хит серијата „Беверли Хилс“ од 90-те, Шенон Доерти откри пред неколку месеци навистина лоша вест, дека повторно и се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилна форма, во четврти стадиум.

Светските медиуми известуваа дека Шенон се помирила со фактот дека овој пат нема да може да ја победи оваа злобна болест и дека се подготвува за својата смрт. Меѓутоа, магазинот „National Enquirer“ им даде мала надеж на обожавателите на оваа актерка во својата нова статија, во која тврди дека Шенон не се помирила со смртта, туку дека очајнички се обидува да пронајде алтернатива, односно „чудотворен“ лек кој ќе и го спаси животот.

Фото: Инстаграм

Изворот кој е близок до актерката откри дека Шенон се завртела кон алтернативната медицина, особено кон кинеската. Иако не се откажала од западните методи на лекување, смртоносната болест која го напаѓа нејзиното тело ја направила поодлучна да го пронајде „чудотворниот“ билен лек од природата кој може да ја спаси, со оглед на тоа дека хемотерапијата не и помага.

Фото: Инстаграм

„Посветува низа специјалисти од областа за алтернативна медицина додека се уште има сила во телото. Оди и на акупунктура и пие мешавина од разни необични лековити билки, кои наводно го забавувале растот и ширењето на канцерогените клетки“, изјави извор близок до актерката.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....