5.8 C
Скопје
05:52 - 1 април, 2026

На Раста му е продолжен притворот: Уште еден месец зад решетки!

Instagram

Притворот на Стефан Ѓуриќ – Раста беше продолжен до 27 јануари. Апелациониот суд во Белград го продолжи притворот за пејачот Стефан Ѓуриќ – Раста и Б.Л. за уште еден месец, во чиј дом беа пронајдени сканк и кокаин на почетокот на октомври кога и беа уапсени.

Нивниот притвор е продолжен поради постоење на посебни околности што укажуваат на тоа дека тие можат да го повторат делото за краток временски период, прецизира за „Tanjug“ портпаролот на судот, Мирјана Пилјиќ.

Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 27 јануари, по што ќе се одлучи дали сè уште има причини за понатамошен притвор. Против Раста и Б.Л. Вишото обвинителство во Белград спроведува истрага поради сомневање дека сториле кривично дело – недозволено производство и пуштање во промет наркотични средства, за што се заканува казна затвор од три години до 12 години затвор.

Истрагата е во завршна фаза и се очекува одлука за обвинението. На рочиштето во обвинителството, Раста се бранеше дека пронајдениот сканк го користел исклучиво за лична употреба, но обвинителството не му верува на зборовите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....