10.8 C
Скопје
19:09 - 14 март, 2026

Морничава исповед на Жељко Јоксимовиќ: Мајка ми се разболе поради големиот стрес!

Жељко Јоксимовиќ за првпат проговори за емотивното влијание низ кое поминало неговото семејство кога тој штотуку ја започнал својата музичка кариера.

Иако со години важи за еден од најдобрите пејачи, Јоксимовиќ ретко зборува за својот приватен живот. Сепак, во една прилика направи исклучок и откри досега непознати детали.

Тој сега се сети на почетокот на својата кариера и на невистинитите приказни што кружеа за него, а кои повеќе ги погодија неговите најблиски отколку него самиот.

„На почетокот беше тешко, без оглед на тоа што не ти е гајле што мислат луѓето. Не можеш да им угодиш на луѓето, а јас сум едноставно таков каков што сум“, вели пејачот и додава дека неговата мајка Весна се разболела поради разни приказни.

„Секоја лага ме провоцира. Без разлика како се поставуваш или мислиш дека не те засега, телото памти. Најголемата лага беше дека ја украдов песната ‘Лане моје’. Потоа мајка ми доби херпес по целото тело поради стрес“.

Жељко Јоксимовиќ додаде и дека поради написите за него, неговата ќерка од првиот брак, Мина, немала безгрижно детство.

„Се појавија информации што ти се мешаа во животот. Јас поминав низ тоа во периодот кога Мина одеше во моето училиште. Моето дете го прочита сето тоа“, рече Жељко Јоксимовиќ, кој за прв пат проговори за емоционалното влијание низ кое минуваше неговото семејство.

Слични објави

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо
Се вчитува....