7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

Мирослав Илиќ се огласи по пресудата дека има вонбрачен син: Пејачот ја шокираше јавноста!

Мирјана Антоновиќ тврди дека судот во Белград пресудил оти пејачот Мирослав Илиќ е биолошки татко на нејзиниот син Девин Антоновиќ. По тој повод, новинарите го контактираа Мирослав Илиќ, кој не беше особено расположен да зборува на оваа тема.

– Немам никаков коментар и никогаш нема да имам на таа тема. За сè поврзано со тоа, обратете ѝ се на Мирјана – изјави Мирослав Илиќ по објавата на Антоновиќ дека официјално е потврдено оти Девин е негов син.

Да потсетиме, Мирјана Антоновиќ, поранешна љубовница на Мирослав Илиќ, објави на социјалната мрежа Фејсбук дека е донесена конечна пресуда во процесот за докажување на татковството на нејзиниот син Девин Антоновиќ, со која се потврдува дека Девин е биолошки син на пејачот. Мирјана им се заблагодари на сите за поддршката, иако не ја покажа судската пресуда.

– Само да ве известам, по толку години борба, победата е ваша и наша! Во право бевте кога рековте дека вистината на крај секогаш победува. Конечно сè е завршено. Апелациониот суд ја донесе конечната одлука. Требаше одамна, ама подобро подоцна отколку никогаш. (Тој закон итно треба да се смени.) Девин отсекогаш бил и конечно остана утврден како биолошки син на Мирослав Илиќ. Наложено е така да се впише во сите книги и документи. Ви благодарам што упорно, трпеливо и покрај сите лаги верувавте и бевте со нас. Уште еднаш им се заблагодарувам на сите пријатели за силата и поддршката. Мајката е најголема сила на овој свет. Ве сакаат многу вашите Мирјана и Девин – стои во објавата на Фејсбук.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....