9.8 C
Скопје
13:07 - 1 април, 2026

Милица Дабовиќ за своите голи слики на „ОнлиФанс“: „Од сајтот за возрасни може убаво да се живее“

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ повторно е во центарот на вниманието, овој пат со искрено признание за својата заработка и живот после спортот.

„Конечно уживам, на 43 години ја раширив душата кон животот. Задоволна сум во своја кожа, а за мојата насмевка се заслужни искуството, душевниот мир, мојот партнер и секако – мојот син. Сега сум потполна,“ вели таа, нагласувајќи дека единствената естетска интервенција што ја направила се усните.

Иако долго време беше мета на критики поради профилот на сајтот за возрасни, Дабовиќ денес вели дека токму тој ѝ овозможил финансиска стабилност.

„Од ‘ОнлиФанс’ може да се живее. Кој вели дека не може – лаже. Тие мажи ме спасија и ме издигнаа. Сега имам сè – покрив над глава, автомобил, дете, мир. Кога бев бремена, другарка ми плаќаше ручек. Денес моето дете има сè што му е потребно,“ вели таа.

Иако некои негативни коментари сè уште ја следат, таа со смиреност додава: „Луѓето може да кажуваат што сакаат. Јас не продавам тело, туку фотографии. Тоа е голема разлика“.

Фото: Инстаграм/Милица Дабовиќ

Милица откри и како се снаоѓа во улогата на самохрана мајка.

„Не сум строга мајка, но ред и дисциплина мора да постојат. Синот ми е сè. Сака математика, но читањето и пишувањето му се слаба точка. Му кажувам дека не може сè да добие – плејстејшн ќе купи кога ќе си заработи свои пари,“ раскажува поранешната репрезентативка.

Во моментов е во среќна врска со Милан Цветиновиќ, кум на пејачот Дарко Лазиќ.

„Милан ме освои со добрината. Финансискиот момент никогаш не ми бил важен. Парите не усреќуваат, туку само смируваат. Среќна сум што патувам со него и што денес сум посилна од кога било,“ вели Милица.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....