8.8 C
Скопје
23:03 - 10 април, 2026

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Спортскиот центар во Пожаревац, пред околу 4.000 посетители. И покрај непријатниот пех што ѝ се случил непосредно пред излегувањето на сцената, концертот поминал во одлична атмосфера.

Настапот требало да започне во 21 часот, но пејачката доживеала неочекуван проблем – ѝ пукнале панталоните, а немала резервна комбинација. Во помош ѝ притекла блиска пријателка, која ѝ ги позајмила своите фармерки.

Со мало задоцнување, Цеца излегла пред публиката и искрено им се обратила:

„Добра вечер, Пожаревац. Мили мои, пред самиот излез на сцената ми се случи НЕШТО – ми пукнаа панталоните, а немав други. За малку ќе излезев во тренерки, а на крајот ѝ ги позајмив фармерките на мојата другарка“, рече таа, што беше проследено со смеа и аплаузи.

Пејачката додаде дека вечерта ќе биде вистинска журка, по што концертот продолжил во одлично расположение.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....