17.8 C
Скопје
14:14 - 15 март, 2026

Метју Пери објасни како се чувствува за кетаминот во своите мемоари: „Кетаминот не беше за мене“

Во трагичен пресврт на настаните, извештајот од обдукцијата на починатиот актер Метју Пери откри дека тој починал од „акутните ефекти на кетаминот“, во октомври. Пери (54) зборуваше за своето искуство со лекот во неговите мемоари издадени во 2022 година, насловени „Пријатели, љубовници и големата страшна работа: Мемоари“, фрлајќи светлина врз мрачното поглавје на неговиот живот.

За време на неговиот престој во швајцарска клиника за рехабилитација, среде пандемијата, Пери детално ги опишал примањата на кетамински инфузии, опишувајќи го анестетикот како „џиновско издишување“.

Во мемоарите, ѕвездата од ТВ серијата „Пријатели“ откри дека тој се подложил на третман со кетамин додека му биле врзани очите и слушал музика, доживувајќи чувство на „дисоцијација“ што често прави да се чувствува како да „умира“.

„Кетаминот беше многу популарна улична дрога во 1980-тите. Сега постои негова синтетичка форма и се користи од две причини: за ублажување на болката и за помош при депресија“, истакна тој.

„Дали моето име е напишано насекаде – можеби ќе го наречеа „Мети“.

„Ох“, си помислив, „Ова се случува кога ќе умреш“.

„Сепак, јас постојано би се пријавувал за ова “ѓубре“ бидејќи тоа беше нешто поразлично, а сè што е различно е добро“.

„Да се земе кетамин е како да те удираат во глава со огромна среќна лопата. Но, мамурлакот беше груб и ја надмина лопата“.

„Кетаминот не беше за мене“.

Иако како што признава во мемоарите, лекот не бил за него, тој и по напуштањето на болницата за рехабилитација во Швајцарија продолжил во клиниките во САД да зема одвреме-навреме инфузии со кетамин.
Токсиколошкиот извештај кој пристигна вчера откри дека токму кетаминот бил причина за смртта на Метју Пери.

Ефектот на таканаречена вкочанетост веројатно го забавил неговото дишење и го спречил телото на актерот да реагира дури и кога е под вода (Метју во тоа време, во моментот на смртта, бил во својот базен – џакузи).

Како лекот кетамин го довел до смрт Метју Пери: Ужасна комбинација ако се консумира при капење

Слични објави

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....