02:07 - 6 април, 2026

Менаџерот и кумот на Јоксимовиќ, Бане Обрадовиќ го победи коронавирусот по тешката борба!

Познатиот српски естраден менаџер Бане Обрадовиќ го победи коронавирусот и го напушти Клиничкиот центар во Белград, каде се лекуваше изминатите две недели.

Обрадовиќ имал температура и силно восплание на белите дробови, а кога тестот покажал дека има коронавирус, тој бил хоспитализиран на пулмологија.

Бане е сега излекуван и пуштен дома каде го пречекало семејството. На пријателите им испратил порака дека сега неговата здраствена состојба е многу подобро, но наводно дека има проблем да зборува, бидејќи нема глас.

Покрај Бане цело време била неговата сопруга Јована, синовите, пријателите, но и многу пејачи кои со години наназад соработуваат со него.

И средниот син на менаџерот исто така беше позитивен на корона и беше сместен на саемот во Белград, додека неговата сопруга и најмалиот син немаа вирус.

Обрадовиќ е менаџер и кум на Жељко Јоксимовиќ, Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Зорица Брунцлик и многу други.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....