7.8 C
Скопје
06:59 - 2 април, 2026

Меган Маркл „од петици“ сакала да оди на роденденот на Обама, ама не била поканета

„Меган Маркл очајно сакаше да присуствува на роденденската забава на Барак Обама. Но, таа не беше поканета, и тоа многу ја вознемири“, кралската експертка Анџела Левин откри за „Сан“. На неодамнешната забава во Масачусетс, за 60 -тиот роденден на поранешниот американски претседател, присуствуваа многу истакнати гости.

Војводата од Сасекс не беа таму. Сега Маркл вели дека „не можела да оди на забава“: „Всушност, ќе дадеше сè за да биде специјален гостин на прекрасната забава“ чии гости во последен момент биле  намалени, поради ограничувањата со пандемијата, од 800 поканети на 475. Но, „Меган и принцот Хари не беа ниту на оригиналната листа“, уверува Левин.

Маркл наполни 40 години на 4 август, истиот ден кога Барак славеше 60 години. Баш поради оваа случајност, сите очекуваа дека војводата од Сасекс, пријатели на семејството Обама со години, ќе присуствуваат на мега забавата во Масачусетс. Оттука, нивното отсуство доведе до претпоставка дека односите меѓу двата пара се расклатени. Причина?

Барак и Мишел биле изнервирани од постојаните изјави на Хари и Меган против кралското семејство: „Одредени вредности во куќата на Обама не можат да се променат“, објаснила кралската експертка Камила Томинеј за Телеграф. „Најверојатно на двојката која отсекогаш го ставала семејството на врвот, одредени напади врз кралското семејство – згора на тоа засилени со телевизиско внимание – не им се допаднале“.

 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....