15.8 C
Скопје
13:51 - 10 март, 2026

Меган Фокс прозборе за врската со раперот: Ние сме две половини на иста душа

Глумицата Меган Фокс во мај 2020 година, после десет години брак, го остави својот сопруг Брајан Остин Грин поради раперот Машин Ган Кели, во кого се вљубила на снимање на спот.

После тоа глумицата три месеци не се огласуваше, а сега, во последното интервју прозборе за својот живот.

„Мојот живот многу се смени за време на карантинот. Лудо е. Не сум некој кој сака да има ограничувања или наметнат авторитет и тешко почитувам такви работи, но во оваа ситуација сфатив дека немам друг избор. Беше предизвикувачики“, рече Меган за Entertainment Tonight.

Глумицата својата врска со раперот ја потврди и на Инстаграм, каде што објави нивна заедничка фотографија, а сега призна како дошло до нивната врска.

„Истата минута кога се најдовме во просторијата, постоеше таа некоја неописива хемија. Наместо сродна душа, ова беше близначки пламен, а тоа е спиритуален концепт на поврзаност на две души. Значи, ние сме всушност две половини на иста душа. Тоа му го кажав штом го почувствував“, објаснува Меган.

Слични објави

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.
Се вчитува....