5.8 C
Скопје
07:09 - 1 април, 2026

„Мажот прво треба да ја сака жената, а потоа детето“ : Јована Јеремиќ со ставови што ја поделија јавноста

Познатата српска водителка Јована Јеремиќ повторно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи со своите размислувања за љубовта, бракот и родителството.

На својот Инстаграм таа објави серија стории во кои ги сподели своите ставови за семејните односи и приоритетите во еден брак.

„Никогаш не градете живот со маж на кој детето му е поважно од сопругата. Тој мора прво и најмногу да ја сака својата жена, а потоа детето — само така постои среќно семејство,“ напиша Јеремиќ.

Во продолжение, таа истакна дека детето не треба да биде темелот на врската, туку плод на љубовта меѓу двајцата партнери:

„Детето е плод на љубовта, а не основа на односот. Без дете може, но без партнерство – не постои здрав брак.“

Водителката откри и лична приказна од минатото, потсетувајќи се на разговор со својот прв сопруг, Војислав Милошевиќ:

„Кога бевме во врска, ми рече дека сака да му бидам жена. Му одговорив дека не сум сигурна дали можам да имам деца, а тој ми рече: ’Ни сто деца не можат тебе да ми те заменат. Јас те сакам тебе — со или без дете.‘ Сè ви е јасно.“

Во завршните пораки, Јована се осврна и на жените кои тврдат дека им е доволно да имаат дете, без партнер:

„Не припаѓам на ’кланот‘ на жени кои мислат дека им е доволно да имаат дете и дека маж не им треба. Таквите жени се тешат, бидејќи имаат психички проблеми во комбинација со егоизам и неспособност за заедништво. Жената секогаш треба да има маж — па макар и петти по ред.

Таа го заокружи излагањето со коментар:

„Сè друго е измислено од жени кои не умеат да создадат и одржат заедница. Егоизам. Саможивост. Хировитост.“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....