7.8 C
Скопје
01:05 - 31 март, 2026

Марина Туцаковиќ поминува низ хемотерапија – Искрено, не се чувствувам подобро!

Најпознатата српска авторка на музички текстови претходно призна дека лекувањето и е скапо и тешко. Многу и значи поддршката од семејството, а борбата со подлата болест ја опиша како процес кој мора да го пројде…


Марина Туцаковиќ (67), најпознатата српска авторка на музички текстови, со години се бори со ракот. За српските медиуми таа зборуваше за својата здравствена состојба и како моментално се чувствува.

„Искрено, онака. Поминувам низ хемотерапија и ќе видиме што ќе биде. Искрено, не можам да кажам дека се чувствувам подобро. Не размислувам за тоа како се чувствувам во психолошка смисла, некогаш сум оптимистична, а некогаш не“, изјави Марина.

Фото: Јутјуб


Важна и е поддршката од семејството, но кажува дека веќе се навикнала на оваа борба.

„Кога се чувствате лошо, никој и ништо не може да ви помогне. Тоа е процес кој мора да се помине“, додаде таа.


Таа изјави дека пандемијата на коронавирусот лошо влијаела на нејзините финансии. Па призна дека лекувањето и е тешко и скапо, но благодарение на приходите кои ги остварува од авторските права успева некако да исплива на површина.

Таа наведе дека пријателите и соработниците и понудиле помош кога се разболела и дека поради тоа им е многу благодарна.

Фото: Инстаграм

„Незнам какви се туѓите приходи во оваа ситуација, но моите се навистина скромни. Не сакам да барам помош, бидејќи сите мои соработници сега се во незавидна ситуација“, заклучи Марина.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....