00:31 - 2 април, 2026

МАРИНА ПЕРАЗИЌ: Ме тепаше, ама молчев за да ги сочувам забите и вилицата!

Иако имаат две возрасни ќерки, по разводот не престанале да си кажуваат грди зборови еден за друг. Тој вели дека таа е спонзоруша која никогаш немала доволно пари и дека му ги киднапирала децата, а таа дека физички ја малтретирал и донел друга жена дома.

Пејачката Марина Перазиќ беше голема ѕвезда во осумдесетите, а нејзината врска со Иван Фирчи беше предмет на интерес на јавноста, особено по разделбата кога ги извадија сите валкани алишта од заедничкиот живот.

Иако имаат две возрасни ќерки, по разводот не престанале да се навредуваат.

– Иван знаеше да ме удира во неколку наврати. Но, никогаш не се ни обидов да му вратам. Сфатив дека не вреди да влегувам во каква било расправија со него. Сакаше да ме испровоцира. Молчев заради мир во куќата, за да си ги зачувам убавите заби, носот, вилицата… Кога ја добив првата модринка, се трудев да не ги испровоцирам другите, но ги имаше – изјави таа своевремено додека тој пак, се бранеше:

– Секогаш кога ѝ е потребен публицитет, Марина раскажува вакви приказни, а сите луѓе од јавниот живот знаат дека по одредено време се памети само фотографијата која е објавена во весникот. Иако тогаш не беше пријатно, се што се случуваше меѓу мене и Марина сега изгледа како добра забава – рекол Иван и ја раскажал својата страна од приказната како раскинале.

– Еден ден се вратив и најдов празен стан, бидејќи таа без најава ги одведе децата, што ме шокираше и ме погоди – изјавил своевремено Фирчи,  а пренесува депо.ба.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....