18.8 C
Скопје
15:14 - 14 март, 2026

(Фото+видео) Марија Микиќ повторно на операција: Се огласи од болнички кревет приклучена на апарати!

Пејачката Марија Микиќ е повторно оперирана поради влошени резултати по претходните две операции. Откако двапати ги оперираше гласните жици во Турција, сега повторно мораше на хируршка интервенција, откако добила лоши вести за текот на опоравувањето.

Марија се огласи од болнички кревет преку Инстаграм, споделувајќи фотографија со кислородна маска на лицето и приклучена на апарати.

– Колку пораки… Ви благодарам, добри мои. Сè помина одлично. Кога ќе оздравам, никогаш нема да се ослободите од мене – напиша таа.

Фото: Инстаграм/Марија Микиќ

Да потсетиме, Микиќ во април годинава имаше операција на гласните жици во Турција. По два хируршки зафати, отпатувала на завршна контрола, но таму ја дочекале лоши вести – наместо подобрување, резултатите покажале компликации, поради што ѝ била закажана уште една итна интервенција.

– Дојдов на завршна контрола и ме пречека вест што не ја очекував. Животот понекогаш ни носи околности што не сме ги посакале. За жал, мораше да се закаже уште една операција. Сè што ми се случуваше во последно време негативно влијаеше на текот на опоравувањето – изјави Марија.

Поради ненадејната здравствена состојба, пејачката ги откажа сите претходно договорени настапи.

– Сакам да ѝ се извинам на публиката во Бања Лука. Не можеме да се видиме во петок, иако тоа многу го посакував. Ме очекува уште еден тежок период – порача таа.

Марија откри дека уште при првите симптоми, нејзината мајка била таа што забележала дека нешто не е во ред.

– Мајка ми прва забележа дека веќе не сум добра – ниту за себе, ниту за своите деца. Со тек на време, состојбата се влошуваше, сè додека не најдовме решение – токму тука, во Истанбул. Всушност, другите го најдоа за мене. Ми помогнаа, ми подадоа рака, ми дадоа нова надеж – искрено сподели пејачката, која и се заблагодари на колешката Емина Јаховиќ за поддршката и помошта.

Слични објави

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо
Се вчитува....