5.8 C
Скопје
08:16 - 7 октомври, 2026

МАНТРИТЕ НА СЛАВНИТЕ ЛИЧНОСТИ: Благодарение на ова го постигнале она за што сонувале цел живот

Благодарение на Роберт Шутер и неговите совети, кои се покажаа дека вредат злато, некои од познатите личности го постигнале она за што сонувале цел живот.

Поминаа цели 17 години од разделбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек, а кратко по нивната разделба, нејзиниот тогашен публицист Роберт Шутер добил совет од нејзиното менаџментот на Лопез тајно и преку спореден влез, да ја внесе на доделата на Златните глобуси во 2004 година.

џенифер лопез
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Нејзиниот тим сакаше да ги избегне сите прашања на црвениот тепих“, се сеќава Шутер, додавајќи дека тоа всушност било барање на нејзиниот тим, но не и на самата дива – таа наводно рекла дека нема намера да се однесува како криминалец, но дека ќе дојде на доделувањето на наградите со високо крената глава.

Така, Џенифер Лопез пристигнала на Златните глобуси во прекрасен портокалов фустан, одбила да ги коментира прашањата за разделбата со Афлек.

Џенифер Лопез е само една од славните личности од А листата на најпопуларните кои се најдоа на страниците на книгата на Роберт Шутер, наречена „The Four Word Answer“. Неговата цел била луѓето кои не се познати да научат како да веруваат во себе и да ја стекнат потребната самодоверба, исто како и неговите познати клиенти.

Самиот наслов – Решението е во четири збора, всушност е советот што тој им го давал на своите клиенти. Од нив барал да се идентификуваат со четири зборови, оние што најдобро ќе ги опишат.

пи диди
Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Така, на пример, раперот Диди се опишувал себеси со зборовите „црнец, крал, важен, поврзан“, додека Џесика Симпсон се опишала себеси како „паметна, забавна, лојална и љубезна“. Латино дивата Џенифер Лопез ги избрала зборовите „секси, моќна, љубезна и „shebang“, што всушност е збор со кој вели дека има ама баш се.

„За некое време, тие зборови станаа нивна мантра“, вели авторот на книгата, додавајќи дека ги напишале и ги чувале близу до себе за секогаш да ги потсетуваат на она кон што се стремат.

 

Ова најдобро се илустрира со примерот на Диди и неговата „поврзаност“. Имено, славниот рапер отсекогаш сакал да ги знае имињата на фотографите што го сликаат или новинарите што го интервјуираат, а потоа би се обидел да открие и да најде нешто заедничко со нив за да се поврзат.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

 

 

 

Од друга страна, Џесика Симпсон, чиј прв збор на листата бил „паметна“, на почетокот на нејзината кариера ја биеше глас на „пејачка со празна глава“. Но, за време на нејзиниот развод од Ник Лачеј во 2006 година, таа всушност „извлече“ многу повеќе отколку што се мислеше. Како што откри Шутер, таа знаел намерно да си стави кармин на забите, а потоа би се појавила пред медиумите, а тој нејзин потег и пораката дека и таа не е совршена и дека има лоши денови резултираше со нејзиниот успех.

Со текот на времето, Шутер од советник за славни личности станал новинар за популарни трач рубрики.

Слични објави

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо
Се вчитува....