9.8 C
Скопје
08:45 - 19 март, 2026

Мајли Сајрус за четири месеци само двапати ја измила косата!

Познатата пејачка ги изненади обожавателите со изјавата за хигиена и потврди дека во текот на неколкумесечната изолација не водела многу грижа за косата, и ја миела многу ретко, пренесува Дејли мејл.

– Мислам дека во последните четири месеци двапати ја измив косата. Еднаш за вас, а еднаш за сер Елтон Џон – рече Мајли.

Со оглед на тоа што славните дами најчесто имаат фризери кои се грижат за нивните коси, веројатно Мајли ретко сама ја мие косата.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Ова дефинитивно не е добар потег бидејќи темето лачи своја природна маснотија, која по некое време треба да се отстрани за да се отстранат мртвите клетки и процесот на раст на косата да се одвива нормално. Освен тоа, кога некој не ја мие косата, се зголемува опасност од разни болести, а да не зборуваме за убавината на косата. Лошиот третман и немиењето на косата може да доведе до разни пореметувања и болести на темето, гниди и вошки, па сè до сериозни проблеми како што е опаѓање на косата. Косата дише и ако е загушена со себумот што се натрупува, настануваат низа проблеми“, коментирала Петра Мужек, сопственичка на фризерски салон за хрватскиот портал 24сата.

EPA-EFE/NEIL HALL

Слични објави

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.
Се вчитува....