05:20 - 7 ноември, 2026

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Имаше моменти кога беше агресивен, но јас го гушкав“

Мајa Оџаклиевска во повеќе наврати отворено зборува за својот внук Лука, кој живее со аутизам и на кого, како што вели, целосно му се посветила.

Тој денес е сместен во установа каде добива соодветна грижа, а пејачката редовно го посетува, нагласувајќи дека животот со него не бил лесен.

„Сега јас се грижам за внукот. Тоа не е сила, тоа е љубов. Љубовта го движи секој атом во телото. Би одела со него до крајот на светот – не е важно каде сме, само да сме заедно и тој да е смирен“, вели Оџаклиевска.

Таа откри дека Лука имал периоди на агресивни испади, кои било тешко да се контролираат.

„Имаше моменти кога беше многу агресивен. Додека можев, го прегрнував и му велев: ‘Баба те сака, не прави така’. Но тоа се напади… До тука можев“, раскажува пејачката.

И покрај предизвиците, таа вели дека семејството се обединило околу грижата за него.

„Тоа е нешто против кое не можеме да се бориме. Тоа е неговата состојба и мора да ја прифатиме. Додека можам, ќе бидам тука за него. Сите се организиравме – ќерките, зетот… Сфативме дека не е до нас, туку дека тоа е дел од него“, додава таа.

Оџаклиевска откри и дека токму таа прва забележала дека нешто е поинаку.

„Кога беше мал, беше отсутен. Другите деца се љубопитни, прашуваат… Тој гледаше во една точка. Знаев дека нешто не е во ред, но другите не сакаа да го признаат тоа“, рече таа во емисијата „Корак испред со Сандра“.

И покрај сè, пејачката потенцира дека љубовта и прифаќањето се најважни во справувањето со состојбата.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....