5.8 C
Скопје
06:56 - 1 април, 2026

МАДОНА СЕ ОБРАТИ НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: „Можеме ли да се сретнеме да разговараме за мојата екскомуникација?“

Поп ѕвездата директно му се обрати на папата преку Твитер: „Дали би било можно да се сретнеме еден ден за да разговараме за некои важни работи?

Поп ѕвездата го замоли папата Франциск да се сретне со неа за да разговараат за особено деликатно прашање, а тоа е нејзината екскомуникација од страна на Католичката црква.

„Дали би било можно да се сретнеме еден ден за да разговараме за некои важни работи? Бев екскомуницирана три пати. Не ми изгледа фер“, пишува Мадона на својот профил, прецизирајќи дека е „добар католик“, притоа признавајќи дека не се исповедала неколку децении, играјќи си со зборот swear што на англиски значи и двете – „се колнам“ и „да се тврди, да се ветува нешто“.

И покрај тоа што во неколку наврати во различни интервјуа кажа дека е екскомуницирана, Мадона никогаш не откри детално што се случило, исто така затоа што, од страна на Католичката црква, никогаш немало никаква јавна изјава за ова прашање.

Многу е веројатно дека во основата на сè е контроверзното видео на „Like a Prayer“ во кое Мадона се претставува со стигмата и со запалени крстови во позадина: симболи кои се сметаат за богохулни, но кои, сепак, не предизвикаа исти реакции кога ги искористија и други пејачки како Лејди Гага која во спот голта бројаница со црни монистра.

Се разбира, тешко е да се помисли дека папата Франциск навистина би можел да размисли за приватна средба со поп-ѕвездата за да го реши ова нејзино прашање, но, како што нè учат книгите, патиштата на Господ се бесконечни.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....