11:21 - 13 ноември, 2026

(Фото) Лука Радовиќ покажа колку е поврзан со децата на Тамара Тодевска — емотивен опис за малиот Дарен

Партнерот на Тамара Тодевска, архитектот Лука Радовиќ сподели слика со Дарен, синот на Тамара.
На сликата, Тамара и Лука позираат во елегантно издание на зајдисонце, а во преден план е малиот Дарен.

Со симпатичен опис на фотографијата „Glumac…“ (Глумец…), Лука покажа колку е поврзан со децата на Тамара, Хана и Дарен кои ги има од бракот со Александар Димитровски- Мачка.

Врската помеѓу Тамара и Лука веќе подолго време буди интерес во јавноста. Нивната приказна започна пред неколку години, а Лука, кој е успешен архитект, брзо стана составен дел од животот на пејачката. Тамара во повеќе наврати во медиумите има изјавено дека токму неговата едноставност, стабилност и неизмерна внимателност се нештата кои целосно ја освоиле. Тој е нејзината најголема поддршка на секој настап и концерт, а нивната поврзаност се гледа и преку честите заеднички патувања и семејни прослави.

Лука од самиот почеток негува близок однос со децата на Тамара.

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме“, рече Тамара во едно интервју за „Слободен печат“.

„Немам проблем да покажам кога сум вљубена и кога некого сакам безусловно. Тоа колку е добро, толку е и лошо. Затоа што на ‘тацна’ ставам дел од мојата приватност, од мојата интима, но тоа сум јас. Секогаш искрена, директна и отворена кон сите. Немам големо его и свесна сум дека светот не се врти околу мене. Тешко дека би се променила во иднина. И ова не е само на љубовен план туку буквално и во другите сегменти од животот“, изјави пејачката.

Во тек е промоцијата на нејзиниот нов материјал, „Кукла жива“ кој го работеше со Коста Петров и Џијан Емин. За овој албум, Тамара изјави дека е нејзиниот најзрел и најличен досега. Пејачката закажа концерт на 3 октомври во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....