15.8 C
Скопје
10:14 - 1 октомври, 2026

Кристина Арнаудова откри како го мотивирале синот да трча: „Му купувавме пехари без да знае“

Пејачката Кристина Арнаудова сподели емотивна и симпатична приказна за својот син Максим, откривајќи дека неговата љубов кон трчањето започнала уште кога имал само три и пол години.

Арнаудова, која е во брак со Александар Петровски – Сајкал, ретко зборува за приватниот живот и за своите синови Максим и Матео, но овојпат на Инстаграм објави фото-споредба што разнежни многумина.

На првата фотографија, малиот Максим позира по својата прва трка од еден километар, која ја истрчал со поддршка од татко му. Во рацете држи пехар, а Кристина откри дека токму таа и Сајкал ги купувале наградите за да го мотивираат.

„Овде лево има 3,5 години. Првпат истрча трка со поддршка од татко му – 1 км. Немаше таква возрасна категорија, и секоја година му купувавме ние пехари за да се почувствува вреден и награден за трудот и желбата да трча. Секако, ова тогаш не го знаеше“, напиша таа.

Фото: Скриншот

Пејачката низ насмевка додаде и дека дома го викале „Форест“, алудирајќи на легендарниот лик Форест Гамп, познат по своето непрекинато трчање.

На втората фотографија, пак, Максим денес има 15 години и позира со медал околу вратот, откако успешно истрчал 10 километри на HalkEco, која викендов се одржа во Скопје.

За разлика од детските денови, овојпат тој добил официјална диплома и медал за својот успех – признание што, судејќи според фотографијата, гордо го носел.

Слични објави

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 октомври: Трпението конечно ќе ви се исплати

apostolova

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо
Се вчитува....