18:52 - 4 април, 2026

Кристијано Роналдо отвора клиника за трансплантација на коса во Италија

Најследениот фудбалер и инфлуенсер на Инстаграм, со 464 милиони следбеници, пристигнува во Милано, Италија, за да ја отвори првата клиника за трансплантација на коса.

Групацијата Insparya основана од португалскиот менаџер Пауло Рамос и фудбалерот Кристијано Роналдо, посветена исклучиво на дијагноза, третман и истражување на алопеција и европски лидер во трансплантација на коса, го најавува претстојното отворање, во септември 2022 година, на клиника за трансплатација, во Милано.

Новото отварање во Милано е дел од поширок проект за проширување на бизнисот, а други нови клиники во различни други земји се очекуваат во следните три години. За инвестиции се предвидени околу 20 милиони евра. Додека клиниката во Италија ќе кошта над 2 милиони.

Новоизградената клиника е вистински скапоцен камен на дизајнот и модерната технологија, а ќе биде на површина од над 1.300 метри квадратни.

Тимот што ќе оперира на клиниката вклучува 100 професионалци, а на располагање се ставени 14 операциони сали.

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.
Се вчитува....