11.8 C
Скопје
14:52 - 29 март, 2026

Кралот Чарлс III гледа „огромна надеж“ за помирување со Хари и Меган

Чарлс се надева. По смртта на кралицата Елизабета Втора, чија голема желба беше помирувањето меѓу кралското семејство и војводите од Сасекс, Хари и Меган, како што дознаваме од кралскиот записничар Роберт Хардман, сега истата надеж ја има наследникот на кралицата Чарлс Трети.

Веста ја пренесува Дејли Мејл, според чии извори кралот Чарлс гледа „огромни блесоци на надеж“ за помирување откако разговарал со Хари и Меган на погребот на кралицата.

Друг извор пак, за Телеграф тврди дека „останува фактот дека кралот ги сака подеднакво двете свои деца“ и по средбата со Хари во Вестминстерската опатија, но пред се во замокот Виндзор, тој има „силна надеж“. дека односите ќе се обноват и зајакнат.

„Во последниве 16 дена Чарлс многу се промени, и има надеж за помирување“, вели изворот.

По намалувањето на трошоците со кои мора да се соочи кралот Чарлс III, за да ја задржи долготрајноста на британската монархија, тој сега знае колку е важно да се сочува единството на семејството.

Овие вести доаѓаат како чиста спротивност на неодамнешната вест за жестоката кавга меѓу Чарлс и Хари во Балморал, и дека тој не бил поканет во Бакингемската палата на приемот што Чарлс III го организираше за меѓународните гости на погребот.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....