19:45 - 2 април, 2026

Кралицата четири часа разговарала со принцот Хари: Му забранила една работа и му кажала зборови од кои се наежил

Кралицата Елизабета и Принцот Хари имале состанок кој траел четири часа и сите зборуваат за она што му го рекла на својот внук.

Елизабета Втора го поканила Хари на ручек во неделата, за конечно да ги разрешат сите прашања и недоумици во врска со неговото одвојување од кралското семејство.

„Кралицата имала многу да му каже на Хари и ова бил идеален момент за двајцата да си поразговараат за тоа „што им лежи на срце“. Во неделата првпат имале можност да си посветат внимание еден на друг во опуштена атмосфера“, вели извор близок до кралското семејство.

Кралицата, како што информира изворот и понатаму е многу вознемирена заради одлуката на Меган и Хари да заминат во Северна Америка. Посебно затоа што, како што, како што рекла, би сакала почесто да го гледа малиот Арчи.

„Сепак, таа прифаќа дека Хари веќе ја донел конечната одлука, но му дала до знаење дека нивниот договор ќе функционира сè додека не се обидат да ги комерцијализираат своите титули и својот кралски статус. Затоа не им дозволила да го употребат зборот „кралски“ за фондацијата што ја основале“, вели изворот.

Покрај тоа, кралицата јасно му ставила до знаење на Хари дека тој и Меган се „секогаш добредојдени да се вратат ако се предомислат и дека кралското семејство ќе ги дочека со ширум раширени раце“.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....