11.8 C
Скопје
14:51 - 30 март, 2026

Крагуевчани не ја сакаат Јелена Карлеуша: 14.000 луѓе потпишаа петиција против новогодишниот настап и му ја предадоа на градоналачникот

Движењето на слободните граѓани на Крагуевац (ПСГ) ја предаде петицијата против новогодишниот настап на пејачката Јелена Карлеуша во рацете на градоначалникот Никола Дашиќ. Да потсетиме, дури 14.000 жители на Крагуевац се потпишаа на петицијата и се против тоа оваа музичка ѕвезда да ги забавува за време на „најлудата ноќ“.

„Бараме нашиот град да се солидаризира со другите градови кои ја откажаа новогодишната програма поради смртта на 15 граѓани во Нови Сад, каде врз нив падна настрешницата на железничката станица. Наместо да инвестира во масовни и скапи настани кои промовираат кич и ѓубре, Крагуевац треба да се посвети на развојот на локалната култура, поддршката на младите и етаблираните уметници“, се вели во соопштението на Движењето, кое го пренесе порталот „Глас Шумадије“.

Од таа партија оценија дека концертот претставува непотребно и нетранспарентно трошење на јавните средства и дека овие пари треба да се насочат за проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани.

Движењето, кое ја започна петицијата пред еден месец, додаде дека очекува градоначалникот да донесе итна одлука за откажување на концертот.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....