-3.2 C
Скопје
03:39 - 26 ноември, 2024

КОЈА Е МАРИН ЛЕ ПЕН, најголемиот противник на Макрон? Мајка ѝ ја напуштила на 15 години, со татко ѝ „на нож“ за ставовите, три животни партнери и три деца!

Што знаеме за приватниот живот на Марин Ле Пен? Кој е нејзиниот сегашен партнер? Какво детство и образование имала?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marine Le Pen (@marine_lepen)

Родена во 1968 година во париски регион, Марин Ле Пен, кандидатка за претседател на Франција, дипломирала право. Таа е трето дете на Жан Мари Ле Пен. Нејзиното детство било со политичката кариера на нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој отсекогаш бил познат по своите прилично контроверзни ставови, а во 1976 година дури беше и цел на бомбашки напад, кога била оштетена зградата во која живееле.

Марин е мајка на три деца, се разведе од својот прв сопруг во 2002 година и повторно се омажи со Ерик Јорио, важен член на нејзината партија, од кого подоцна се раздели. Нејзиниот сегашен партнер е Луис Алиот, потпретседател на Националниот фронт и секретар на партијата од 2005 до 2010 година.

Висок 1,96, со рагби фигура, спорт кој го практикува долго време, Луис Алиот е сегашен партнер на Марин Ле Пен. Имаат доверлива врска, но таа не мисли дека партнерите, па ни блиските роднини, доколку таа стане претседател, треба да се „плеткаат“ во нејзина близина. Имено, Ле Пен однапред ја отфрли секаква можна владина задача и за нејзиниот партнер и за нејзината внука, пратеничката Марион Марешал ле Пен. Ќерката на основачот на партијата, Ле Пен сака да се ослободи од впечатокот за партија која премногу се заснова на семејни врски.

Во 2013 година медиумите, како што пренесува „HuffPost“, ја обвиниле Ле Пен дека го плаќа нејзиниот партнер како нејзин помошник во Европскиот парламент. Но, таа се бранеше дека тие не биле ниту во брак, ниту во никаква заедница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marine Le Pen (@marine_lepen)

Комплицирано детство

Нејзините родители воделе боемски начин на живот, а ќерките ги оставале кај бебиситерки. Кога Марин имала 15 години, нејзината мајка го напуштила домот. Едноставно, кога се вратила од училиште видела дека работите на мајка ѝ дома веќе ги нема. Повторно ја видела мајка си дури за 15 години, а таа за тоа време пораснала под силно влијание на нејзиниот татко и неговите политички ставови. Иако работела кратко како адвокатка во Париз од 1992 до 1998 година по студирањето право, таа е најпозната по нејзиното членство во партијата основана од нејзиниот татко Ле Пен.

Излегување од сенката на моќниот татко

Откако излезе од сенката на нејзиниот татко, Марин се позиционираше како значајна француска политичка фигура, но иако задржа одредени десничарски ставови, таа се огради од најекстремните ставови на партијата.

Благодарение на нејзиниот политички талент и добрите јавни настапи, таа го презеде раководството на партијата во 2011 година, а следната година учествуваше на претседателските избори заедно со Никола Саркози и Франсоа Оланд. Заврши на третото место во првиот круг, со повеќе од 18 отсто од гласовите. Иако тоа не беше доволно за вториот круг, сепак, тоа беше многу добар резултат за нејзината партија, подобар од татко ѝ што го постигнал во 2002 година против Жак Ширак.

Популарност

Нејзината популарност растеше, па Националниот фронт стана посилен како алтернатива на двете најсилни партии во Франција, особено во екот на економската криза кога ја зајакна својата критика кон ЕУ. Таа веруваше дека ЕУ е повеќе пречка отколку профит. Наскоро стана водечки глас на евроскептицизмот во Европа. Сепак, дојде до расправија со татко ѝ Жан-Мари Ле Пен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marine Le Pen (@marine_lepen)

Кризата на Националниот фронт избувна во април 2015 година кога Жан-Мари Ле Пен ги повтори своите претходни изјави дека нацистичките гасни комори се само „детаљ во историјата“ и го бранеше Филип Петен, воен водач кој соработувал со нацистичка Германија за време на француската окупација. Тој беше исклучен од партијата што ја водеше речиси 40 години, иако судот подоцна го врати на функцијата почесен претседател.

На прашањето дали Жан Мари Ле Пен се уште има поддршка во партијата, тогашната заменичка Ле Пен се насмеа и рече дека членството е единствено зад актуелниот претседател на партијата. Жан Мари Ле Пен, пак, ја обвини својата ќерка дека користи валкани тактики.

Во меѓувреме, кон крајот на 2015 година, Исламската држава изврши ужасен терористички напад во Париз во кој загинаа 130 луѓе, а повеќе од 350 беа ранети. Ле Пен за тоа ја обвини имиграциската политика, а зголеменото непријателство кон исламот му помогна на Националниот фронт на регионалните избори.

Ле Пен се смета за подемократски расположена од нејзиниот татко – националист, па затоа се залагаше за истополови бракови, право на абортус и укинување на смртната казна. Позната е по заложбите за економски национализам и енергетска диверзификација наспроти приватизацијата на јавните претпријатија. Се противи на глобализацијата, која ја обвинува за низа негативни економски трендови. Иако беше многу гласна во барањата за напуштање на еврозоната, во псоледно време се оддалечи од ова размислување.

Таа се противи на приемот на Турција и Украина во Европската унија, но и на членството на Франција во НАТО.

Најпозната е по нејзиниот став дека „мултикултурализмот“ пропадна и дека „исламизацијата на Франција“ е на дело. Ле Пен двапати беше прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во светот од страна на Тајм, во 2011 и 2015 година.

Слични објави

(Видео) Сања Кужет како девојче! Водителката ја покажа совршената линија по третото породување

Еспресо

Ја извлеклa од автомобилот и ја влечела за коса: Слобода Миќаловиќ нападната од непозната жена

Еспресо

„Доаѓам од кралско семејство“: Диди Џеј откри непознати детали за своето аристократско потекло

Еспресо

(Фото) Луксуз од половина милион евра: Ѕирнете во вилата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Еспресо

Сања Маринковиќ добила секс-играчка за 50. роденден! Личноста што ѝ ја дала се вклучила во емисија во живо: „Дали ја користеше?“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете каде израснала Тања Савиќ: Куќата на пејачката во родното село е непрепознатлива

Еспресо
Се вчитува....