13.8 C
Скопје
16:03 - 18 декември, 2024

Кои очекувани личности беа отсутни на свадбата број 2 на Бен Афлек и Џенифер Лопез

Кејси Афлек, братот на ѕвездата, го немаше на „свадбата на годината“, поради семејни обврски, причина не толку убедлива за отсуство, а не била ни поранешната сопруга на Бен, Џенифер Гарнер која беше уредно поканета. Сепак, нејзините три деца – од бракот со Бен – го држеа превезот на  Џенифер Лопез.

Не беа сите кои беа поканети на свадбата број 2 на Лопез и Афлек. Гостите кои присуствуваа на венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек во Џорџија беа сепак, бројни  – вклучувајќи ги и петте деца на парот (три од него, две од неа) – сепак американскиот печат објави отсуство на блиски луѓе: Кејси Афлек, братот на Бен. Што се случило? Извор изјави за Пипл дека Кејси бил „за жал“ пребукиран од неговите родителски обврски. 47-годишниот Кејси, во брак со Кејли Кауан, е татко на две момчиња, Индијана (18) и Атикус (14) деца од поранешната сопруга Самер Феникс. Во саботата наутро, само неколку часа пред неговиот брат да го каже своето второ „да“ на Лопез, Кејси беше забележан во Лос Анџелес во Старбакс. „Зошто не си во Џорџија во моментов?“, прашале папараците зачудени. Тој, очигледно поспан, пред да замине промрморел нешто малку неразбирливо што на фотографите им изгледало како „имам други работи“. Односите меѓу браќата досега беа добри. Но, можеби, како што шпекулираше американскиот печат, нешто се променило.

Несреќата што ѝ се случи на мајката на Бен неколку часа пред судбоносното „да“, беше ризик да се откаже целата свадба, доколку ситуацијата со повредената нога станеше посериозна.  Г-ѓа Кристофер Ен Болд била пренесена во болница со брза помош откако паднала од пристаништето и си ја пресекла ногата за време на тридневната прослава на имотот на нејзиниот син во Рисборо, Џорџија. За среќа раната не била сериозна и жената која завршила во болница со возило на Брза помош се извлекла со неколку конци. Веројатно била таму на свадбата на нејзиниот син.

Отсутна била и поранешната сопруга а Афлек, Џенифер Гарнер. Актерката, со која ѕвездата има три деца – Виолет, 16, Серафина, 13 и Семјуел, 10, како што открива Пејџ Сикс, била зафатена со сосема поинаков бизнис. Папараците ја фатија на шопинг во Лос Анџелес, среќна и насмеана, како венчавката на нејзиниот поранешен сопруг да не ја засега. Од друга страна, Џенифер во текот на десетте години брак со Бен (бракот заврши во 2015 година) поминала многу. Тој беше зависник од алкохол и три пати завршуваше на рехабилитација, а ја изневерувал и со дадилката на нивните деца. Гарнер остана со Бен дури и кога нивната врска беше практично завршена. А таа отсекогаш остана пријателка со својот поранешен сопруг. И можеби свадбата со Џенифер Лопез ѝ дошла како вистинско олеснување. Од август минатата година Џенифер е во врска со Џон Милер, адвокат и извршен директор на синџирот КалиБургер со кој беше во врска и претходно, од 2018 до 2020 година. Тие двајца, исто како и Џенифер Лопез и Бен Афлек, беа предодредени повторно да бидат заедно.  А според озборувањата, наскоро ќе застанат пред олтартот.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....