17:27 - 10 април, 2026

Ким Кардашијан и Канjе Вест се откажаа од брачно советување

Instagram

Неодамна во светот одекна веста дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест се разведуваат. „ Mirror“ пишува дека Ким се обидела да најде заеднички јазик со нејзиниот сопруг, па на еден момент се решиле да побараат помош од брачен советник. Сепак, не се одлучиле за таков чекор, бидејќи Канје сметал дека веќе нема смисла.

Покрај тоа, раперот контактирал адвокат за да поднесе барање за развод. Странските медиуми пишуваат дека е прашање на време кога парот јавно ќе го објави распадот на бракот. Ким не заостанува многу зад Канје, па и самата преговара со адвокат за развод.

Instagram
Instagram

„Тие едноставно не се на иста бранова должина кога станува збор за нивната иднина и за децата. Ким сака да им се посвети на децата и да остане со нив, а Канје ќе живее во Вајоминг. Тој не планира да се врати во Лос Анџелес за да биде со нив“, изјави близок извор на парот за странските медиуми.

„Ким знае што сака со својот живот. Таа сака да продолжи да живее во Лос Анџелес, да создаде најдобар живот за децата и да се фокусира на работата. Нивната љубовна приказна е одамна завршена. Тие се обожуваа еден со друг, но се премногу различни“, додаде изворот.

Иако нивниот развод за многу нивни фанови беше шок, се чини дека има и такви кои знаеле дека овој ден ќе дојде некогаш. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан (52), уште на самиот почеток на нивниот брак знаела дека нема да трае вечно.

„За разлика од Ким, Канје не знаеше како да се носи со големиот успех. Лично и се восхитувам на Ким што се обиде да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше најмногу поради децата“, изјави таа за „ The Sun“.

Слични објави

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.
Се вчитува....