23:17 - 12 април, 2026

Ќерката на Курт Кобејн призна дека неразумно го потрошила целото богатство од нејзиниот татко!

Ќерката на покојниот Курт Кобејн, 28-годишната Френсис Бин, призна дека залудно потрошила преку 11 милиони долари од богатството на нејзиниот татко пред да се совземе во 2016 година и сфати што направила. Френсис ги наследи богатството и авторските права на нејзиниот татко и денес тежи околу 200 милиони американски долари, но досега, вели таа, немала идеја за управување со пари.

„Престанав да нарачувам луксузен Uber и сега редовно возам сама или пешачам ако е блиску до мене“, вели Френсис, која добивала по 100 илјади долари месечно џепарлак.

„Сфатив дека без разлика колку пари имам, тие може да се потрошат доколку не располагам мудро со нив“, рекла таа додавајќи дека сега ангажирала луѓе за да ѝ помогнат да управуваат со парите.

„Отсекогаш имав чуден став кон тие пари затоа што не ги заработував јас. Се чинеше како огромен заем“, вели таа, додавајќи дека честопати се чувствувала виновна затоа што имала чувство како да троши пари на некој странец.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....