11.8 C
Скопје
14:21 - 30 март, 2026

Ќерката на Алек Болдвин ја откри мрачната тајна: Ме силуваа додека бев тинејџерка, а подоцна имав и абортус

Денеска нема да навлегувам во детали за тоа што се случи, но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно без свест кога се случи тоа. Тоа ми го промени текот на животот, призна 26-годишната, ќерката на Алек Болдвин на TikTok.

Со години никому не му кажала за инцидентот, освен на медицинската сестра која ја прегледала.

– Оваа тајна ја чував во себе со години и ми предизвика многу болка мене и на луѓето што ги сакам – рече Ајрланд и додаде дека во тоа време многу пиела и се забавувала:

– Бев во насилни и токсични врски и пријателства… Најчесто правев се што можам за да си го одвлечам вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

Тоа што многу други храбри жени ги споделуваат своите приказни ја натерало да размисли како би изгледал нејзиниот живот доколку забременила при силувањето.

– Ќе морав да одгледувам бебе за време на сето она низ што поминував во тоа време. Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап – рече Ајрланд.

Подоцна во животот неочекувано забременила:

– Момчето прилично јасно ми стави до знаење дека никогаш не сакал деца или брак. Избрав абортус затоа што точно знам какво е чувството да се родиш меѓу двајца кои се мразат – призна таа.

– И пак би се избрала себеси. Тоа е твој живот, тоа е твој избор – вели Ајрланд.

@irelandshmireland

I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights

♬ original sound – Ireland

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....