-3.2 C
Скопје
04:07 - 23 декември, 2024

Кејт Хадсон е строга мајка и има нула толеранција за една работа

Кејт Хадсон себеси се опишува како строга мајка. Таа освен двегодишната Рејни Роус, која ја има од врската со момчето Дени Фуџикава, има уште два сина Бингам Хоун (9) и Рајдер Расел (16) од претходни врски.

Таа вели дека нејзината строгост како родител била големо изненадување за целото семејство, кога станала мајка, особено што некои работи, какви што се добрите манири се нештата околу кои никогаш не преговара со своите деца. А тоа се докажало како добро.

Instagram

Постојат правила што мора да ги почитуваат и околу кои никогаш не преговарам со децата, а тие тоа го знаат. Едноставно како родител кога ќе поставиш одредени правила, не поминуваш долги часови во расправи со децата за нешто дали смее или не да се направи – вели таа и додава дека доволно е еднаш да им каже на децата „не“ за тие да знаат дека е сериозна.

Instagram

Таа исто така вели дека родителите се тие кои се одговорни да ги воспитаат децата како да ги почитуваат.

Родителите треба да постават разумни граници преку кои не смее да се помине, за да знаат децата дека не можат да ги тестираат – зборува актерката и додава дека не се сложува со изјавите на многу родители или повозрасни лица од нејзината околина кои знаат да кажат дека секое однесување на децата е дел од нивното растење и подоцна ќе се сменат.     View this post on Instagram           

Кејт открива и дека постои една работа за која нема воопшто толеранција.

За лажењето имам нула толеранција. Без разлика дали е мала или голема лага – вели таа.
Сепак Кејт е разумна дека треба да им даде простор на децата и да им дозволи да прават грешки, а кога станува збор за стилот на воспитување на други родители, никогаш не ги осудува.

Сите треба да имаме отворен ум и да сме свесни за добрите нешта што ги правиме во својот живот, а истовремено да ги оставиме другите да си го живеат својот.

Хадсон пред еден месец учествуваше на една онлајн конференција за родителство и таму исто така зборуваше за своето искуство. Меѓу другото, таа истакна дека секогаш со своите деца отворено зборува за привилегиите што ги имаат во нивниот дом.

Што се однесува до мене, тие мора да ја имаат мојата љубов, да се грижам за нив, да им обезбедам храна и топол дом. Сè друго се привилегии што ќе им бидат одземени за миг ако не го почитуваат моралниот кодекс на нашиот дом – строга е Кејт.     View this post on Instagram           

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....