20.8 C
Скопје
11:44 - 28 март, 2024

Оскари 2021: Дали и зошто треба да се одржи 93-то доделување на најпрестижните филмски награди

Годинава што полека изминува ќе ја паметиме по ковид-пандемијата, која секако нанесе голема штета и на филмската индустрија, а филмските критичари полемизираат дали воопшто следната година треба да има доделување на наградите Оскар.

profimedia

Светската ковид-криза не поминува. Сè уште секојдневно стигнуваат вести за голем број новозаразени и починати. На голем удар се најдоа индустријата и бизнисите, а секако страдаше и културата. Откажани концерти, настапи и филмски премиери низ целиот свет оставија разочарани многу обожаватели. Познавачите на шоубизнисот сега се поделени во ставовите дали по ваква година во која немаше ниту една кинопремиера на филмовите, можеби и треба да се одржи 93. издание на најпрестижните филмски награди Оскар во 2021 година.

Филмовите како „Биос“, „Црна вдовица“, „Кендимен“, „Круела“, „Годзила против Конг“, „Убиства за Халоуин“, „Мињони: издигнувањето на Гру“, „Славејчето“, „Нема време за умирање“, „Том и Џери“, „Топ ган: Маверик“, „Приказна од западната страна“ и други немаа кинопремиери што значеше дека го поминале периодот во кој треба да бидат промовирани пред да влезат во трката за Оскар.

Бројката од над 30 филмови кои не можеа да бидат прикажани, според некои критичари, е доволна причина да се откаже манифестацијата.

Освен коронавирусот, Америка моментално се соочува и со политичка криза, по претседателските избори и многу демонстрации и протести, па ова е уште една причина поради која нема потреба од такви гламурозни манифестации.

Морин О`Хара во „Колку беше зелена мојата долина“/принтскрин IMDB

Но, од друга страна се оние што велат дека и покрај сè манифестацијата треба да се одржи. Како факти со кои го поддржуваат својот став се дека три месеци по бомбардирањето на Перл Харбур, односно на 26 февруари 1942 година, филмската академија му ја додели главната наградата филм на годината на „Колку е зелена мојата градина“ од Џон Форд, а приказната е за семејство кое сака нивниот најмлад син да најде подобар живот и тој заминува во странство, додека во светот се чувствува закана од почеток на војна. Номинациите тогаш биле објавени на 6 февруари, само два месеца откако 2.400 војници и цивили биле убиени, а прв по номинации бил филмот „Наредникот Јорк“ од Хауард Хокс, кој воедно е вториот филм во историјата на Академијата кој имал најмногу номинации.

Тогаш Гари Купер бил награден со Оскар за улогата на Алвин Ц. Јорк, еден од најхрабрите војници на Првата светска војна. Тоа ги разбудило патриотските чувства кај Американците и ги направило многу горди на нивните војници што се бореле во Втората светска војна.

Гари Купер/Instagram

Во 1963 година на 22 ноември беше убиен претседателот Џон Ф. Кенеди, додека Виетнамската војна беснееше и милиони цивили демонстрираа на улиците низ Америка. Филмот „Том Џонс“ од Тони Ричардсон беше најголем победник на оскарите, а Сидни Поатје стана првиот Афроамериканец кој добил Оскар за машка главна улога, за неговата изведба на Хомер Смит во филмот „Полиња со кринови“.

Дури и после ужасните терористички напади на 9 септември 2001 година, кога неколкупати беа одложени наградите Еми и се одржаа на 4 ноември, само неколку денови откако во Авганистанската војна загинаа американски војници, Оскарите беа само поместени. Имено се одржаа во март 2002 година, а ќе останат запаметени како вечер во која Хали Бери и Дензел Вашингтон, двајца Афроамериканци, ги освоија наградите за главна женска и машка улога, додека Сидни Поатје беше награден со почесен Оскар за животно дело.

Хали Бери

Така што, годинава со над 300 филмови кои беа онлајн прикажани, критичарите велат дека Академијата нема потреба да ја откажува церемонијата, особено што на почетоците од манифестацијата околу 100 филмови имале право да конкурираат за наградите.

Освен тоа оваа година најмногу жени режисери имаат можност да конкурираат за Оскар, документарните филмови добија шанса за поширока публика, а во трката за Оскар е очекувано да се појават легенди како Мишел Фајфер, Вил Мареј, Глен Клоус.

Тие нешта не смеат да ѝ бидат одземени на публиката.

Слични објави

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо
Се вчитува....