16:41 - 26 ноември, 2026

Кеба запеа со улични музичари во Ниш: „Овој град има посебно место во моето срце“

Фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба деновиве престојуваше во Ниш, каде што на 3 јули ќе одржи голем концерт на Летната сцена во Нишката тврдина.

Пред настапот, Кеба решил слободниот ден да го искористи за прошетка низ градот и повторно да ги посети местата кои, како што вели, го потсетуваат на едни од најубавите моменти од неговата кариера.

Прошетката низ центарот на Ниш прераснала во вистински музички настан кога пејачот им се придружил на улични музичари и запеал заедно со нив. Собраните граѓани со воодушевување го следеле настапот, а многумина ја искористиле можноста да се фотографираат со него и да разменат неколку зборови.

Посебно емотивен момент за пејачот бил посетата на бистата на легендарниот Шабан Бајрамовиќ, со кого настапил на својот голем концерт во Ниш пред три децении.

„Ниш отсекогаш бил посебен град за мене. Тука доживеав некои од најубавите моменти во кариерата. Кога ќе се сетам на концертот од пред 30 години и на Шабан Бајрамовиќ покрај мене, тоа се спомени што никогаш не се забораваат. Денес дојдов повторно да ја почувствувам таа енергија и да ги поканам луѓето на концертот на 3 јули“, изјавил Кеба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nistv.rs (@nistv.rs)

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.
Се вчитува....