04:43 - 9 април, 2026

Ќе успее ли? Наташа Беквалац била на аудиција за да стане новата Бонд девојка

наташа беквалац џејмс бонд

Ако им поверуваме на приказните, Наташа Беквалац може да ја исполни желбата на многу актерки и да стане новата Бонд девојка.

Имено, се шпекулира дека „Барби“ од Нови Сад се пријавила за кастинг за новиот филм за славниот агент, а извор близок до пејачката открил како изгледало тоа: „Ната неодамна беше на Ибица со своите сестри и таму, случајно, се сретна со британски филмски агент во хотел, кој ѝ предложи да се пријави за улога во една од најпознатите филмски франшизи во светот.“

„Британецот ѝ откри дека во новиот филм Бонд ќе заведува девојки од цела Европа и дека една од нив ќе биде од Балканот. Кога Ната му рече дека веќе се испробала како актерка во некои серии, како и во една претстава, тој ѝ рече обавезно да се пријави на кастинг во Белград. Не ѝ вети улога затоа што професионални актерки се пријавија на аудицијата, но ја советуваше да даде сè од себе за да ја изберат неа“, вели изворот.

Изворот откри дека таа наводно добила одговор од филмски агент.

„Ната му испрати биографија и фотографии и неодамна доби одговор со датумот и местото на аудицијата. Тој напиша дека ако се најде во потесниот избор, ќе мора да помине низ друг кастинг што ќе се организира на крајот на годината во Лондон и објасни дека улогата нема да биде голема, но неа може да ѝ биде отскочна даска за кариера во странство “, вели изворот.

Извор: „Mondo“

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....