8.8 C
Скопје
01:59 - 20 февруари, 2026

Ќе ги чини 150.000 евра, со 300 гости: Вики Миљковиќ приредува гала прослава за 18. роденден на синот Андреј

Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ – Ташке подготвуваат големо гала славје по повод полнолетството на нивниот син Андреј, кое ќе се одржи на 5 октомври. Настанот ќе биде во еден од најлуксузните хотели со пет ѕвезди во елитниот дел на Белград, каде што семејството живее.

Според информации од блиски извори, на прославата се очекуваат околу 300 гости, меѓу кои и бројни јавни личности и колеги од музичката сцена. Цената по лице во хотелот достигнува и до 300 евра, што значи дека вкупните трошоци за славјето ќе надминат 150.000 евра.

„Вики и Ташке не размислуваа долго околу изборот на локација. Сакаа за својот син да приредат незаборавна вечер и веднаш изнајмија еден од најпрестижните хотели. На прославата ќе има сѐ – од ексклузивна храна и пијалоци до гламурозна декорација. Пари не жалеа, особено кога станува збор за нивниот единствен син“, открива извор близок до семејството.

Прославата е закажана за почетокот на октомври, а подготовките се во завршна фаза. Вики, позната по тоа што внимава на секој детаљ, лично е вклучена во организацијата.

„Буквално ништо не остава на случајност. Сака сè да биде совршено и на ниво на најгламурозните забави. Од храната и музиката, до украсите, Вики бара сè да биде беспрекорно“, додава истиот извор.

Покрај семејните подготовки, Вики од неодамна е дел од жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, а претходно долги години беше член на „Ѕвездите на Гранд“. Таа неодамна изјави дека е возбудена од новата улога и верува дека и овој пат ќе даде свој силен печат во музичкиот свет.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....