14:52 - 4 април, 2026

(ВИДЕО) Карлеуша заглавила со џипот за време на синоќешното невреме во Белград: Без размислување влетав премногу длабоко

Пејачката Јелена Карлеуша вчера невремето во Белград ја затекнало кога возела со автомобилот да стигне до тетка ѝ Даниела, чиј автомобил заглавил во поплавените улици на Бежанија, а со неа во колата била и ќерката на Карлеуша, Ника.

Автомобилот на Карлеуша се заглавил во водата, а Јелена објасни што точно се случило.

– Синоќа додека се обидував да стигнам до тетка ми Даниела, која беше заглавена во нејзиниот автомобил во вистинско езеро на Бежанија (со неа во автомобилот беше и ќерка ми Ника), со џипот влетав премногу длабоко, без размислување и покрај предупредувањата на полицијата. Останав сама и заглавена во водата која се повеќе се креваше. За среќа, има прекрасни граѓани кои иако имаа проблеми со автомобилите, машки и џентлменски ми помогнаа. Благодарам, им благодарам на спасувачите и на полицијата, тие си ја завршија работата како лавови спасувајќи ги граѓаните, па и мене – напиша Карлеуша, па додаде:

– Успеаја да ми го спасат автомобилот кој на полноќ беше однесен во сервис! Таму најдов некои луѓе кои го чистеа автосалонот од поплавата, па мислев дека работат таму како чистачи. Испадна дека директорот чистел, па еве и нему му се заблагодарувам за целото малтретирање околу колата (никогаш не го потценувајте тој што чисти).

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....