14:43 - 5 декември, 2025

Како двајца странци кои воделе љубов го инспирирале Леонард Коен да стане музичар

„Мислам дека ќе ги отпеам и снимам моите песни“, и рекол Коен. „Немој, те молам“, му одговорила таа…

Леонард Коен според се беше неконвенционален уметник. Својата кариера ја започнал како поет и романописец при што бил многу ценет. Кога имал 33 години, Коен неубеден во силата на својата порака, изразениот пишан збор, одлучил да ја остави книжевноста зад себе и да се обиде да влезе во светот на музиката и пишувањето текстови.

Дека треба да тргнат по патот на својот неистражен талент, некои уметници отсекогаш знаат. На другите тоа им „доаѓа во сон“, на трети додека слушаат некоја песна или присуствуваат на концерт или пак некоја свирка која ќе им ја „вклучи сијалицата“. Но, не и на Коен.

Фото: Профимедиа

Кога во текот на 1965-та година започнал да живее боемски живот кој што секогаш го ценел, Коен бил ценет поет. Парите и стипендиите му овозможиле да патува низ светот, да го истражува и да пишува за него. Сепак, на крајот местото каде што го нашол неговиот спокој била неговата родна Канада, каде што сфатил дека музиката е иднината.

Додека бил во Торонто, во хотелот „Кралот Едвард“, Коен свирел на својата усна хармоника, обидувајќи се да создаде нови мелодии. Во собата која што била споена со неговата, а чија врата била малку подотворена, можело да се слушнат и да се видат двајца странци како водат љубов, движејќи се по ритамот на неговата музика. Коен ја отворил книгата и започнал да чита една од неговите песни во ритамот кој го создавал парот, охрабрен од нивната реакција и воздивнувања кои што доаѓале од другата соба.

Во својата соба Коен конечно заклучил:

„Мислам дека ќе ги отпеам и снимам моите песни“, ѝ рекол тој на својата пријателка која што била со него. Истегнал неколку зборови, како што само тој знае.

„Немој, те молам“, едноставно му рекла таа.

За среќа не ја послушал, пишува магазинот „Macleans“ во 1978-та година. Коен и го завртел грбот на книжевноста, им се посветил на мелодиите и така изградил една од најпопуларните и најбогати кариери во модерната музика.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо
Се вчитува....