5.8 C
Скопје
04:33 - 1 април, 2026

„К-15“ се враќа на малите екрани? Поминаа 30 години од првата сезона!

Хумористичната емисија „К-15“, кој е значаен дел од македонската поп-култура, наскоро ќе се врати на малите екрани?

Ова е прашање кое многумина си го поставија денеска, откако Бранко Огњановски (Миле Паника) објави фотографија на својот инстаграм-профил, со која најави дека популарната тројка се враќа по повод 30-годишнината од првата сезона на „К-15“.

„Официјално: ‘К-15’ се враќа! Следете нè за повеќе инфо наскоро“, напиша тој на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, првата епизода на „К-15“ беше емитувана на 23 ноември 1994 година. Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле ПаникаТошо Малерот и Цацко Конопишки бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.

Создавачите на емисијата, Бранко ОгњановскиВаско Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров, ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.

„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.

Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....