14:11 - 3 април, 2026

Јована Јеремиќ за тајните преговори со Жељко: „Срамота е ѕвезда како мене да вози автомобил од две илјади евра“

Јована Јеремиќ за првпат проговори за тајните преговори со газдата на српската телевизија Пинк (каде што работи) Жељко Митровиќ, велејќи: „Се може да биде кога Жељко сака“.

Водителката Јована Јеремиќ од следната недела и во петок ќе ја води утринската програма на телевизија Пинк, а за одличната гледаност директорот и сопственик на телевизијата Жељко Митровиќ убаво ја наградил водителката, и од него добила автомобил вреден 30.000 евра.

„Не држев во тајност, ништо не знаев до вчера. Се може да биде кога Жељко сака. Ме праша дали сакам да водам утринска и во петок, реков да, и потоа се договоривме. Ме праша што ми треба, му реков автомобил. Мислам дека е срамота една ТВ ѕвезда од мој калибар да вози автомобил од 2 илјади евра. Автомобилот е убав, змија е, сосема се согласува со мојот карактер. Жељко не знаеше дека возам таков автомобил. Не сум градела кариера на скапи работи, туку на шарм и фаталност, го немам тој комплекс. Гледам некои колешки и луѓе во јавност кои возат скапи автомобили на лизинг, а нема куче за што да ги касне, а јас сте можам да ги купам сосе партали – вели Јована за српските медиуми.

Таа го коментира и тоа што го зазема местото во петок на водителот Срѓан Предојевиќ на „Јутарњи програм“ на Пинк.

„Не сум го видела Срѓан, не знам ништо за него. Мислам дека неговото водење во петок беше експеримент, моментно решение. Срѓан е зафатен со вестите мислам дека затоа не може да води веќе утринска. Никогаш не сум се занимавала со колегите“ – објаснува Јована за српски Блиц.

Инаку, Јована од Жељко добила автомобил Škoda kamiq Monte Carlo. Порталот Србија Данас дојде до фотографија од автомобилот.

Приватна архива – Србија Данас

 

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....