14:02 - 12 ноември, 2026

Јована Јеремиќ направила хаос во маалото: „Знаеш ли ти која сум јас?“

Во зградата во која живее познатата водителка Јована Јеремиќ се случило сериозно недоразбирање што довело до бурна расправија. Наводно, таа во налет на бес вербално ја нападнала една од нејзините сосетки.

За настанот пишувал и младиот писател и социолог Стефан Симиќ, кој на своите социјални мрежи споделил лични впечатоци од секојдневието во соседството, откривајќи дека меѓу станарите се наоѓа и контроверзната ТВ личност Јована Јеремиќ:

„Имам фино и драго соседство, ама се провлекува по некој од оние…

Една студентка што живееше кај мене, уметница. Студира филм и сѐ што оди со тоа на ФДУ.

На сѐ личи, само не на папарацо. Драга, скромна, уметнички тип, сосема.

И, при една прошетка, бидејќи е навистина мајстор за фотографија, видела гулаб на некоја ограда, или нешто слично.

И, одеднаш, искочила Јована Јеремиќ: ‘Што сликаш ти? Кој ти дал дозвола? Ова е мој посед! Тука јас живеам! Каков е тоа начин?’

Девојката се извинила и си заминала. Ниту гледа телевизија, ниту знае која е Јована Јеремиќ.

Повеќе слушнала за неа, ама не би ја ни препознала.

Сепак, кога таа викнала: ‘Знаеш ти која сум јас…’ – девојката дошла во станот и ни раскажуваше, цела потресена.

Не е некоја што слика луѓе без дозвола. Повеќе фаќа уметнички кадри.

А оваа од некаде излетала, како што секогаш излетува за сѐ. Тоа ти е животот.

Ти би да создадеш уметност, а некој мисли дека си опседнат со него, без ни да знае дека е сигурно последната личност на светот што би ја сликал“, пишувал Симиќ, и продолжил:

„А оваа се истури на дете, без ни да знае дека тоа што девојчето би го сликало, апсолутно нема никаква врска со неа. Ниту би била на фотографијата.

Што ќе правиш. Опсесија со величина, поврзана со манија на прогонување, во комбинација со нарцизам и грандиозност, создава слика дека сѐ се врти околу тебе“, пишува Симиќ меѓу другото.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....