12:57 - 4 април, 2026

Јелена Карлеуша со порака за трагедијата во Кочани: „Моето срце е со вас, Србија е со вас“

Српската пејачка Јелена Карлеуша сподели емотивна порака на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство по трагедијата во Кочани, каде што 59 лица го загубија животот, а над 100 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“.

„Страшна трагедија ги снајде нашите браќа во Македонија. Нема зборови на утеха за болката на родителите кои ноќеска ги загубија своите деца. Македонија сега мора да биде силна. Најдлабоко и најискрено сочувство до нашата браќа Македонци. Моето срце е со вас, сочувствувам со вашата болка. Србија е со вас“, напиша Карлеуша на својот Фејсбук профил.

Објавата на пејачката наиде на бројни реакции од нејзините следбеници, а многумина ја пофалија нејзината поддршка и сочувство кон Македонија во овие тешки моменти.

Трагедијата во Кочани ја потресе целата јавност, а меѓу првите кои изразија сочувство беа и многу познати личности од регионот.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....